-Ова е симболична акција со која локалната самоуправа и јавното комунално претпријатие сакаат да испратат апел плажите да се одржуваат преку целата година, бидејќи концесионерите ги одржуваат во летниот период но после тие се оставени сами на себе, изјави Сачо Алче, директор на ЈП „Охридски Комуналец“.
Организаторите на акцијата очекуваат примерот да го следат сите субјекти во општината кои се поврзани со туризмот, бидејќи единствено така Охрид ќе може да одржува високо ниво на хигиена не само во градската средина, туку и на крајбрежјето и покрај патиштата кои водат до градот и плажите.