30 тина деца од Детското село СОС 7 дена ќе одмараат на брегот на Охридското езеро, како дел од летниот камп Медо Штедо во организација на Шпаркасе банка во соработка со Црвениот крст на Македонија, пренесува „Сител“.

Како што јави овој медиум, целта на кампот е на дечињата да им се овозможи виситински летен одмор исполнет со забава, игра и смеа.

Како што најавуваат од Црвениот крст на Македонија и Шпаркасе банка во идниот период ќе продолжат со организирање на летен камп за децата од Детското село СОС.

OhridNews