Хидробиолошкиот завод од Охрид по примерот на бројни научни институции од Европа планира да набави подморница за истражувачки цели.

Со неа експертите од Хидробиолошкиотн институт ќе можат да го истражат дното на Охридското Езеро кое сеуште крие бројни тајни за настанокот и еволуцијата на еден од најголемите водни басени во Европа.

Според најавите Владата оваа есен ќе распише тендер за набавка на опремата за подводни истражувања на Охридското Езеро.

Ohridnews