Во рамки на одбележувањето на 5-ти јуни-Светскиот ден на животната средина, општина Охрид денеска ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.
Според најавите, ќе бидат поделени 300 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Туристичка“ од пресекот со бул.АСНОМ до пресекот со ул.„Јане Сандански“,ул. „Јане Сандански“, десната страна од „Маџи Д“ до кружниот тек кај болницата, ул „Сирма војвода“, Бул.„АСНОМ“ до пресекот со бул.„Туристичка“,ул. „Карпош војвода“, ул. „Галичица“, ул.„Ванчо Питошески“,ул.„8 Септември“, ул. „Мирче Ацев“,ул „Лазо Трпоски“.
Жардиниери ќе добијат само граѓаните од гореспоменатите улици кои се запишале на списокот во Општина Охрид, кој беше отворен во изминатите два дена.
Делењето на цвеќињата ќе се изврши во расадникот на ЈП Комуналец, денеска од 14 до 17 часот. Граѓаните од горе споменатите улици кои претходно се запишале на список во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина, цвеќето ќе можат да го подигнат со документи за лична идентификација на кои ќе биде видлива адресата на живеење.