Реал Мадрид со 32 победи од 38 натпревари, ја освои 32-та титула во Шпанија. Избраниците на Мурињо успеаа да запишат 100 бодови во една сезона, и да постигнат 121 гол во противничките мрежи. Барселона со 91 бод мораше да се задоволи со вицешампионската позиција.


Третопласираната Валенсија и Малага ќе им прават друштво на Реал Мадрид и Барса во Лигата на Шампиони. Атлетико Мадрид ќе има можност да ја брани круната во Лигата на Европа откако заврши на петтата позиција. Леванте патува во Лигата на Европа.


Од “Ла Лига“ испаднаа Расинг Сантадер, Спортинг Хихон и Виљареал. Награда “пичичи“ во Шпанија му припадна на Лионел Меси, кој постигна 50 погодоци. Втор е Роналдо со 46 додека тројката ја затвара Фалкао со 24.


Мх.П.