Викендов, на Илинска планина во месноста Илинска Црква кај Брежани, се одржа заедничка средба на ЗП Охрид и Дебрца и на ЗП Демир Хисар. Средбата на која учествуваа околу 400 пензионери, беше организирана по повод 68 годишнината од ЗП Охрид и Дебрца и јубулејот 50 години од постоењето на здрружението од Демир Хисар.
Гости на средбата што се одржа под покровителство на градоначалниците на општина Дебрца Зоран Ногачески и на Демир Хисар, Марјан Стојаноски, беа претствници на ЗП Врање, Србија, Погрдец, Албанија и Солидарност-Ародром од Скопје. Тие зедоа учество и во културно-уметничкиот дел од прогамата каде настапија и домаќините КУД ,,ДАЛГИ“ од Охрид и ансамблот на Демир Хисар.
По повод 86 години на ЗП Охрид и Дебрца и 50 години на Демир Хисар, во знак на повеќе годишна успешна соработка, признанија им беа врачени на СЗПМ, на ЗП Врање, Поградец, Солидарност-Аеродром и на градоначалниците на Дебрца, и Демир Хисар.
Прославата на двете здруженија беше збогатена со поетско читање на лични творби на пензионери од двете здруженија, Божана Цуцулоска, Иванка Балева, Марија Младеноска, Димитар Смилески и Вангелко Лозаноски, по што следеше богата културно-уметничка прослава со музика, песни и игри. Исто така беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Општината Дебрца и ЗП Охрид и Дебрца.
OhridNews













