Петмесечно бебе е спасено седум часа откако било закопано во шума во Монтана. Бебето е пронајдено ноќта во неделата и според надлежните е во добра состојба по пренесувањето во болница.

Старателот на детето, Френсис Карлтон Кроули (32), е уапсен поради криминални активности, но според надлежните за него ќе бидат поднесени и други пријави. Не е јасно ниту која е мајката на детето ниту во каква роднинска врска е уапсениот со него.

Ова можеме да го наречеме само чудо. Полицајците што беа присутни на овој настан велат дека не може ниту да се замисли што преживеало ова бебе во изминатите 24 часа“, вечат од канцеларијата на шерифот.

Полицијата била повикана во областа Лоло Хот Спрингс од националната шума во Монтана Лоло во саботата вечерта поради човек што се заканувал и дејствувал чудно.

„Кога се обидував да го испрашам Кроули, тој изгледаше дека е под дејство на дрога“, но сепак посочил дека бебето е погребано, најверојатно, некаде во планината.

Веднаш била формирана специјална екипа, која го пребарувала теренот во потрага по бебето.

По повеќе од шест часа пребарување, еден од спасителите слушнал плачење на бебе. Тој го следел звукот и го пронашол бебето живо, со главата свртено надолу, закопано под купишта гранки и ѓубре.

OhridNews

Макфакс