На редовната, 78-ма седница Владата на Република Македонија, го разреши Арменд Шаќири, од должноста директор на КПУ Казнено поправен дом од отворен вид Струга.

Како што стои во соопштението од владата, разрешувањето е по барање на Шаќири.

Разрешувањето доаѓа само неколку дена по реализираната полициска акција во Струга, откако беше откриено дека инспектори, полицајци, чувари во затворот, но и локални бизнисмени биле замешани во организирана криминална група за продажба на дрога и оружје во струшкиот регион.

OhridNews