33 поднесени амандмани од Социјал демократскиот сојуз на Македонија, денеска беа позитивно прифатени од Министерот за финансии Зоран Ставрески. Покрај овие, позитивно се прифатени и шест амандмани на пратеникот Изет Беќири и пет од Демократската партија на Албанците.

Според ресорниот министер, сите 44 амандмани се со вкупен износ од 191 милион денари, од кои 154 се на СДСМ.  „Во последните 20 години, ова е најголем број на прифатени амандмани од еден министер за финансии при донесувањето на буџетот. Тоа ја покажува нашата желба за компромис со цел одблокирање на постапката за донесување на буџетот.“ – изјави  Ставрески.

Тој додаде дека во наредните дена ќе се најде решение со опозицијата, односно, ќе се отвори можнсот за забрзување на процедурата за донесување на Буџетот. „Координацијата е се уште во тек и поради тоа, не може да се коментира дали е прифатливо ова за опозицијата.“ – истакна Ставрески.

Инаку, работата на Комисијата за финансирање и буџет и Законодавано-правната комисија, е блокирана со денови поради политички несогласувања помеѓу власта и опозицијата.

OhridNews