СДСМ ветуваше дека ќе обезбеди услови за здрав живот за сите, а нивната Локална власт прави еколошка катастрофа. Тоталниот хаос и неорганизираност, незнаење и неумешност се нивна одлика. Градоначалникот Јован Стојанасоки да излезе од кабинетот и да го види ѓубрето низ градот, порача денес на прес конференција Илија Арнаудоски, советник во Советот на општина Охрид.

  • Во туристичката сезона Охрид ниту е чист, ниту е среден. Охрид тоне во смет, преполни контејнери во екот на летните горештини. Охрид никогаш не бил позагаден. Згора на тоа кучињата-скитници го развлекуват сметот и го носат насекаде, со што целиот град ни наликува на огромна депонија.
    Сето ова е доказ дека имаме неправилна грижа од страна на менаџментот на ЈП „Охридски комуналец, рече Арнаудоски.

Арнаудоски додаде дека грда е и сликата на дивата депонија во „Мауцкер“ каде што секој ден рано наутро без контрола се депонира градежен, но и комунален отпад, како што рече, од страна на ЈП „Охридски Комуналец“.

ВМРО-ДПМНЕ бара Државниот и општинскиот инспекторат за животна среднина да излезат на терен, да го констатираат еколошкиот хаос во градот и кај „Мауцкер“, а надлежните да одговараат за своите постапки.

OhridNews