Градоначалникот Јован Стојаноски со честитка до граѓаните од муслиманска вероисповест, по повод празникот Курбан Бајрам.

  • Вербата во Бога нека не води по вистинскиот пат и постојано  меѓу луѓето нека владее разбирање, без разлика на етничката, верска  или било  каква припадност. Курбан Бајрам е празник кој означува меѓусебна почит, солидарност, празник кој ги изедначува луѓето. Како дел од ова мултикултурно општество, мораме сите заедно да живееме еден со друг, да се почитуваме во толеранција и хармонија. Различностите треба да бидат тие кои ќе не спојуваат и ќе не водат напред. Граѓаните од сите вери и заедници мора да продолжат заедно да ја градат иднината на Охрид и Република Македонија, зошто тоа е вистинскиот пат за сите нас. Овие празнични денови нека поминат во радосно и семејно опкружување, со добра мисла, мирољубивост и толеранција заднички да градиме општи добра, стои во честитката на градоначалникот Стојаноски.

OhridNews