Триесет и осум години по смртта на Јосип Броз Тито, малиот остров Ванга, каде што беше резиденцијата на поранешниот југословенски претседател, наскоро треба да биде отворен за туристите.

Сè е подготвено за првите посетители да пристигнат во Ванга, кој со години е затворен за јавноста, а во подготовка се две ВИП-тури на Бриони кои ќе им овозможат на туристите да ги видат сите објекти што ги користел Тито.

Проблемот е што условите за посета на туристите на Ванга сè уште не се целосно договорени, бидејќи тоа е заштитен објект за кој досега беше потребна посебна дозвола.

OhridNews

Макфакс