Страшните пожари што избувнаа во источна Атика во Грција одзедоа 96 животи. Сега се појави снимка што покажува како избувнал пожарот на 23 јули во областа Даоу Пентелис.

Снимката во моментов ја анализираат експерти, а ја објави грчкиот весник „Катимерини“.

Се верува дека за пожарот е одговорен локален жител, кој случајно ја предизвикал оваа трагедија.

Официјалните лица се сомневаат дека човекот сакал да ја запали сувата трева на неговиот имот. На снимката, првиот пламен може да се забележи околу 16 часот и 41 минута.

Пожарот набрзо излегол од контрола, а поради силните ветришта се насочил кон исток. Наскоро тој стигнал до населбата Неос Вуцас, а потоа и до Мати.

OhridNews

Макфакс