Две лица загинаа, а еден е потешко повреден при судир на два воза во Долна Јабланица во Босна и Херцеговина. Несреќата се случила по полноќ во близина на железничката станица, откако едната локомотива поминала на црвено и се случил фронтален судир на двете локомотови.

Еден од вработените во железницата успеал навреме да скокне од возот, а другиот го извлекле пожарникарите, кои што морале да исечат дел од локомотивата.

 

 

Еден од повредените кој е извлечен од возот давал знаци на живот и е префрлен веднаш во болница. Во текот на ноќта бил извршен увид на местото на несреќата.