Судот во Јужна Кореја ѝ ја продолжи затворската казна на поранешната претседателка на земјата, Парк Геун-хие на 25 години. Таа е обвинета за корупција и минатата година беше сменета од власт.

Судот ѝ ја продолжи казната затоа што било докажано дека Парк склучила договор со пријателка со цел да ѝ овозможи да прими десетина милијарди јужнокорејски вони. Судот ѝ наложил на Геун-хие да плати казна од 20 милијарди вона или 17,8 милиони долари.

Друг суд, во јуни ја осуди Геун-хие на осум години затвор, а таа е првата демократски избрана јужнокорејска претседателка која била принудена да замине од функцијата.

Геун-хие (66) е во затвор од март минатата година.

OhridNews

Макфакс