Три села јужно од Берлин се евакуирани поради шумски пожар на површина од 400 фудбалски игралишта, велат германските официјални лица.

Агенцијата ДПА објави дека околу 500 луѓе морале да ги напуштат своите домови поради пожар во Тројенбрицен, оддалечен околу 50 километри од главниот град.

Пожарот избувна вчера попладне. Под влијание на ветрот огнот се проширил, а чадот стигнал до Берлин, каде што граѓаните во некои населби беа замолени да не ги отвораат прозорците.

Пожарникарите се обидуваат да ги оборат дрвјата за да направат засеци во шумата и да го спречат ширењето на огнот.

Летото беше многу жешко во Германија и речиси без дождови, па во голем дел од земјата се претпазливи заради можните пожари во природата.

OhridNews

Макфакс