Три земјотреси биле почувствувани изутринава на подрачјето на Босна и Херцеговина и во Хрватска. Земјотресите се регистрирани на подрачјето на Гламоч и Босанско Грахово, објави Европскиот – Медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Најсилниот потрес на тлото на земјата со јачина од 4,6 степени по Рихтер, е регистриран 19 километри западно од Гламоч, на длабочина од 10 километри. Земјотресот се случил во 5.33 часот.

Вториот земјотрес се случил 12 минути подоцна, со магнитуда од 3,1 степен. во 5.51 часот бил почувствуван и третиот земјорес со магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 21 километар североисточно од Босанско Грахово.

Земјотресот е почувствуван и во Далмација.