Во италијанскиот град Кането сул’Ољо , се случи инцидент кога во еден музеј, жена со нож нападнала четири лица, при што едно лице починало.

Локалните медиуми пренесоа дека починала 54-годишна жена која била вработена во музејот.

 

 

Во нападот, уште тројца се повредени, објавија италијанските медиуми.

Според првичните податоци, жената по потекло била од Полска, а сведоците велат дека во моментот на нападот таа дејствувала во бес.

Полицијата ја совладала и уапсила Полјачката, за која не се исклучува дека имала нарушено ментално здравје.