Поранешниот вокален солист на ’’Бијело дугме’’, Ален Исламовиќ беше меѓу првите музички ѕвезди кои го потврдија своето учествона 25-тиот јубилеен интернационален музички фестивал “Охридфест- Охридски трубадури. За настапот на овој пејач со необичен вокал, во кој провејува специфичната балканска топлина и “колорит” на балкански чувства, владее голем интерес. Неговото  појавување, своевремено, кон крајот на 70-тите во “Дивље јагоде” беше вистински бум, а како пејач на “Бијело дугме”(1986-1989) беше дел од последната сезона на популарната сараевска група.

Ален е роден во Бихаќ, потоа се сели во Сараево, оженет е за Маријана, татко на успешните Уна и Лара, дедо на Дин. Некогаш младиот рокер со гордост го изнесува фактот дека не западнал во канџите на пороците, и покрај сите естрадни бури и популарност, останал нормален одржувајќи го бракот до денес.

Да се потсетиме на песните кои ја обележаа неговата кариера: “Мотори”, “Чирибирибела”, “Хајдемо у планине”, “Ѓурѓевдан”…

  • Оваа година на меѓународниот музички фестивал “Охридфест” ќе пеете во Интернационалната вечер. Како дојде до вашиот настап во Охрид ?

А.И. Познанството со директорот на фестивалот Григор Копров и неговата покана беа решавачки да дојдам. Ќе се претставам со една песна од мојот солистички албум Алкатраз. Песната се вика „Таму далеку“. Автор на музиката и текстот сум јас. Желба ми е на македонската публика да и понудам нешто поинакво и во поп стил.

  • За Вашата кариера со “Дивље јагоде”, „Бијело дугме“, со „Четири аса“, и за соло кариерата речиси се е познато. Но како во неколку реченици, би ја опишале вашата актуелна крариера?

А.И. За да се занимаваш со оваа работа треба да бидеш полн со љубов, енергија, и да го сакаш тоа што го работиш. Да ја сакаш публиката, да бидеш чесен кон неа. Всушност јас сум среќен што се занимавам со оваа работа. Во последно време имам доста свои солистички концерти во регионов, од Македонија до Словенија па денес се сметам за интернационален музичар. Довидување во Охрид и се надевам дека на фестивалот ќе има добра забава…..Навистина сум среќен и задоволен што доаѓам на ваков брендиран фестивал.

OhridNews
.