„Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!“

Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8 Септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанска војна.

Претходно Собранието на Република Македонија на 25 јануари 1991 година со акламација ја донесе Декларацијата за независност. Независноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина…

Историските моменти од прогласувањето независност на Македонија во 1991 година

На 8 април 1993 година Македонија со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Oттогаш Македонија беше призната под уставното име од над 130 држави, меѓу кои неа и три постојани членки на Советот за безбедност, САД, Русија и Кина, а воспостави дипломатски односи со 170 земји.

На 17 јуни 2018 година во селото Нивици, Грција на брегот на Преспанското Езеро шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас го потпишаа Преспанскиот договор кој го парафираше посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц.

Почесен плотун по повод независноста на Македонија

Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година, со кој земјата се преименува во Северна Македонија, а Грција ќе го признае државјанството на соседната земја како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, ќе се согласи официјалниот јазик на државата да се именува како македонски јазик и нема да го попречува членството на соседната земја во меѓународните организации.

Во меѓувреме на 27 март 2020 година Македонија стана 30-та земја членка на НАТО. Претходно во февруари 2019 година, земјите членки на НАТО го потпишаа протоколот за пристапување на нашата држава во НАТО.

Македонија, заедно со Албанија, ги започна пристапните преговори со ЕУ, а се одржа и првата меѓувладина конференција, но за разлика од западниот сосед кој продолжи непречено по евроинтегративниот пат, кој за нашата земја е условен од барањата на Република Бугарија чии преточени во таканаречениот француски предлог кој предвидува земјата да почне да ги отвора поглавјата за членство во ЕУ откако ќе се направат неопходните уставни измени кои произлегуваат од билатералниот протокол потпишан со Бугарија.

Денот на независноста во земјата ќе биде одбележан со бројни свечености.

OhridNews