Струшката полициска станица поднесе кривична пријава против 34- годишен жител на селото Оровник, вработен во  угостителски објект во Струга, за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во комјутерски систем“. Во август годинава, пријавениот со платежна картичка што претходно ја одзел од друго лице, од банкомат на „Про Кредит Банка“ подигнал 11.300 денари.

Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава и против струшка фирма и нејзиниот управител , за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На 19 септември, во Струга на ул. „Пролетерски бригади“, пријавените спротивно на добиено одобрение од Општината при поставување на монтажен објект зафатиле поголема површина од околу 12,53 метри квадратни.

OhridNews