565 случаи на сезонски грип пријавени за периодот од една недела од 27 декември до 2 јануари се наведува во последниот извештај од Институтот за јавно здравје. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со истата недела од минатата сезона е зголемен 10,1 пати, а во споредба со бројот за 52-ра недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 10 сезони, е зголемен за 2 пати повеќе.
Заболените се пријавени од девет ЦЈЗ/ПЕ, во Гостивар – 202, во Дебар – 174, во Тетово – 73, во Кавадарци – 35, во Охрид – 34, во Куманово и Струмица – по 16, и во Штип и Скопје каде бројот на пријавени е помал од 10, велат од Институтот.
Досега од почетокот на сезоната на грипот вкупниот број на случаи изнесува 1 713.
Во однос на возрасната дистрибуција, 358 лица се на возраст од 15-64 години, 136 кај деца на возраст од 5-14 години, 54 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години и 17 лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.
Заклучно со 52-рата недела на ниво на држава се вакцинирани вкупно 49 182 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.
OhridNews












