Во текот на вчерашниот ден (11.08.2026) во периодот од 16:00 до 21:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 115 возачи.
Од нив, 35 на територијата на СВР Тетово, 34 на територија на СВР Охрид, 19 на територија на СВР Битола… За време на контролата санкционирани се и 224 други видови на прекршоци, велат од МВР.
Посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
OhridNews













