Во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 22.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на териториите на СВР Тетово и СВР Охрид.

При контролата санкционирани се 34 возачи, од кои 26 за возење повеќе од дозволената брзина, две мерки за возење без возачка дозвола…, информираат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

OhridNews