Утре, со почеток во 11 часот ќе се одржи триесет и осмата седница на Советот на општина Охрид.

Предлог одлуката за збратимување на градот Охрид со градот Сафранболу – Турција, извештаите за работењето на Одделението за даноци и Одделението за комунални такси,  реализацијата на програмата за изградба на системи за  одведување и прочистување на отпадни води, извештаите за работењето на јавните претпријатија, како и неколку предлог одлуки за нацрт детални планови, се само дел од вкупно 34- те точки на дневен ред за кои ќе расправаат советниците.

OhridNews