35. Охридски староградски средби ќе се одржат денес со почеток во 19 часот пред платото на НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид.
Охридски староградски средби е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува старите добри градски музички традиции.
Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, велат организаторите.

OhridNews














