Со еден златен и два бронзени медали се закитија учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид на 14. Меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта – ГАТУС 2026, кој од 26 до 29 септември се одржа во Приједор, Босна и Херцеговина.

Златниот медал во дисциплината туристички аранжман го освоија Андреа Билбилоска, Марија Башеска и Вероника Петроска, под менторство на Катерина Тодороска.

Бронзени медали освоија учениците во дисциплините готварство – Габриела Ѓореска, Викторија Илијоска и Никола Краљевски, со ментор Војо Ангеловски, како и во угостителско послужување и бармен – Христијан Јованоски, Кристијана Вељаноска и Леонид Велески, под менторство на Марјан Радески.

На натпреварот учествуваа 10 училишта од поранешните југословенски републики.

Домаќин на следниот натпревар ГАТУС 2027 ќе биде градот Радовљица, Словенија.

OhridNews