Бројот на превезени патници од аеродромите во Охрид и Скопје во првата половина од годината  е зголемен за 17,2 отсто споредено со истиот период лани.

Од охридскиот „Св. Апостол Павле“ во периодот од јануари до јули 2014, превезени се вкупно 35.693 патници, додека од „Александар Велики“ во Скопје вкупно 668.870.

Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, најголем пораст е евидентиран во април оваа година, кога од аеродромите во Охрид и Скопје патувале вкупно 107.037 патници што е пораст од 39,6 проценти во однос на истиот месец 2013 година.
 
Во однос на операции на воздухоплови, од двата македонски аеродроми извршени се 7794 операции, а исто така превезени се и 1846,43 тони стока.

OhridNews