Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 27-годишно лице од струшката населба „Плитишта“.

  • Казненото дело го извршил на 30-ти ноември оваа година, околу 17 часот, пред угостителски објект лоциран на улицата „Димитар Влахов“ во Струга кога, најнапред предизвикал вербална расправија со 37-годишен стружанец, а потоа и физички го нападнал, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Истиот, веднаш бил пренесен во Општата болница во Струга каде му била дадена неопходната медицинска помош.

OhridNews