Во Полициската станица Охрид, вчера, од страна на граѓанин било пријавено дека непознато лице врши оштетување на верски објект-гроб на улицата „Гоце Делчев“ спроти Хајдар Пашина џамија.
Од извршениот увид било утврдено дека околу 15.50 часот непознатиот сторител ја искршил покривката од ќерамиди на Турбе (гроб на незнаен муслимански светец), по што побегнал.
Од преземените мерки било утврдено дека сторител на делото е 38-годишен охриѓанец, кој бил пронајден, лишен од слобода и задржан во Полициската станица Охрид за понатамошна постапка.
OhridNews












