Општинската СДСМ, викендов ја заоружи процедурата за составување на листата со имиња на кандидати за пратеници, која веќе е доставена до централата на партијата во Скопје.

На листата се најдоа 39 членови на партијата од Охрид, меѓу кои и екс градоначалникот Александар Петрески,  актуелниот претседател на општинската организација Томислав Тунтев, досегашниот пратеник Митре Велјаноски, членот на извршниот одбор на СДСМ Ѓоко Танасоски, секретарот на општинската организација Александар Кузески, поранешниот претседател на општинскиот огранок Ацо Велески, советничката Жаклина Лазареска, како и членот на општинското раководство Славица Малеска .

Претседателот на ОО на СДСМ Томислав Тунтев, потенцира дека предложените кандидати поседуваат квалитет и го претставуваат високиот потенцијал со кој располага општинската организација.

Листата со кандидати за пратеници, во Скопје, се очекува најпрво да биде разгледана од страна на извршниот одбор, а потоа и од страна на централниот одбор. Конечната одлука ќе ја донесе конгресот на партијата.  

Како што дознаваме, централата од Скопје деновиве спроведува сондажа на јавното мислење во Охрид со цел да го испита пулсот на гласачите за предложените имиња на  кандидати за пратенци.

OhridNews