Во Куќата на Робевци е изложена 3Д макета на античка гробница од македонски тип која е откриена на локалитетот Караѓулевци, кој се наоѓа веднаш до античкиот театар во Охрид, информираа од НУ Завод и Музеј Охрид.

Макетата е изработена на 3Д печатач од страна на Кирил Денковски, а за ликовното обликување е заслужен Диме Солаковски. На самата локација од гробницата е поставена информативна табла за посетителите, а во рамките на овој проект беше изработена и виртуелна реконструкција на гробницата и кратко „time lapse“ видео од теренските активности во гробницата, велат од НУ Завод и Музеј Охрид.

Од установата додаваат дека успешната реализација на проектот се должи на соработката со Регионален зелен центар -Охрид, а раководител на стручниот тим кој го спроведе е Иван Малезан.

 

OhridNews