Викендов во Дојран се одржа меѓународен карате турнир “Дојран опен 2025” на кој каратистите од КБС “Кун-су-то” Охрид освоија 4 медали (два златни, еден сребрен и еден бронзен медал).
Марија Велкова во борби освои 1 во место – златен медал, Елена Ѓурчиноска во борби освои 2 ро место – сребрен медал, Андреј Спироски во ката освои 1 во место – златен медал и Софија Велкоска во борби освои 3 то место – бронзен медал.
Г.М.












