Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста при семејно насилство”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишен охриѓанец. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека пријавениот казненото дело го извршил во текот на мај и декември минатата година, со психичко и физичко малтретирање на неговата сопруга.

При семејна вербална расправија, случена на четврти декември минатата година, пријавениот и упатил сериозни закани на сопругата, по што ја турнал по скалите во семејната зграда каде што живееле.

Притоа, пријавениот продолжил да и се заканува со убиство доколку веднаш не го напуштил семејниот дом.

OhridNews