Живата легенда на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, го продолжи договорот со клубот на уште една година, иако влегува во петтата деценија од животот.


Велшанецот, нема пречка со годините, тој и оваа сезона игра во врвна форма и веќе собра 17 настапи за Јунајтед оваа сезона. Гигс во ноември ќе наполни 40 години, тој настапи за ‘црвените ѓаволи’, во средата во ФА купот, против Вест Хем.

„Против Вест Хем не забележав дека тој е заморен, сеуште е квалитетен и има голема желба за игра. Неверојатен е “, изјавил менаџерот на тимот Алекс Фергусон.

Интересно, Гигс првите чекор на фудбалскиот терен ги направил во редовите на Манчестер Сити, но еден месец пред својот 14-ти роденден се преселил во Манчестер Јунајтед.

За првиот тим дебитирал во 1991 година, со клубот има освоено 12 титули во Премиер лигата, осум во Супер купот и по четири во Лига купот и ФА купот, два пати го освојувал Светското првенство за клубови и Лигата на шампиони. Гигс, во кариерата, за Манчестер Јунајтед има одиграно 926 натпревари, на кои постигнал 165 погодоци.

“Макфакс“