
Во рамки на“Неделата за безбедност на пешаците во Република Македонија“ која ќе трае до 7 април, МВР со едукативни мерки, флаери и совети ќе ја подигнува свеста кај возачите и пешаците
Превентивната активност, како што изјави Јанкулоска е наместо вообичаеното изрекување казна од 3.000 денари за непрописно поминување, да им се делат флаери на пешаците и тоа зелениот за оние кои правилно се однесуваат, а црвениот како опомена.
“Минатата година речиси една петина од вкупната бројка на жртви во сообраќајот се пешаци, а заедно со моторциклистите и велосипедистите, пешаците сочинуваат една половина од загинатите во сообраќајни несреќи, посочи министерката Јанкулоска.
OhridNews










