41 лице ги загуби животите во пожар што зафати авион од типот „Сухој Суперџет 100“ при итно слетување на московскиот аеродром „Шереметјево“. Светските медиуми пренесуваат дека страотната несреќа ја преживеале 37 патници. Aвионот требало да лета од Москва за Мурманск, но поради пожар бил принуден да се врати на аеродромот во рускиот главен град.

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до семејствата на загинатите и нареди итна истрага која треба да ги расветли причините за големата несреќа.

OhridNews