42-ца полицајци од Ќафасан добија кривични пријави
03.11.08 07:01
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС) при МВР поднесе 42 кривични пријави за сторени кривични дела – “злоупотреба на службената положба и овластувања“ против 42 полициски службеници, сите вработени во Секторот за гранични работи – РЦ “ЗАПАД“, на граничниот премин “Ќафасан“. Од пријавените 15 се раководители на смена на ПС за ГК “Ќафасан“, а останатите 27 – полицајци оператори на пасошка контрола, кои вршеле проверка на исправноста и валидноста на патни исправи, податоци на сообраќајни дозволи на ТМВ и увид и контрола на тежината на ТМВ заедно со товарот при влез во државава.
Пријавените се товарат дека неправилно го вршеле мерењето на тежината на товарните возила, со што тие овозможиле противправна имотна корист на други лица во износ од 8.553.993 денари, а на штета на буџетот на РМ во висина од 2.605.200 денари и на штета на ЈП “Македонија пат“ во висина од 5.948.793 денари.
Од преземените мерки, констатирано е дека пријавените го сториле делото во периодот од јануари 2005 година до октомври 2007 година во 1.237 случаи, кога дозволиле влез на товарни моторни возила чија што вкупна тежина изнесувала над дозволената. Односно во тие случаи постапувале спротивно на пропишаните законски и подзаконски акти што ги регулираат нормите, начините, методолигијата во извршувањето на нивните работни задачи, соопшти МВР. извор: МВР
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работна средба со директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски На средбата се разговараше за тековната состојба на пазарот на недвижн...
Буџет со средства за манифестации, трансакции, фестивали, спорт Тоа е основата која е водечка во извештајот и во овој буџет, а многу малку за реализација на капитални проекти од сопствени средства,...
На 25082025 во 13:20 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Медицински центар Охрид со повреди бил пренесен 16-годишник од Охрид Според пријавеното, тој се здобил со по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.