Советот на општина Охрид, денеска, ќе ја одржи 43 седница. На дневен ред се 10 точки:

1. Предлог Одлука за усвојување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2012 година.

2. Предлог Одлука за усвојување на Локален акционен план за животна средина за општина Охрид.

3. Информација за изработка на Интегрираната студија за состојбата на остатокот од Студенчишкото блато и превземање на мерки за негова ревитализација.

4. Предлог Одлука за усвојување на Методологијата за распределба на блок дотацијата за основно и средно образование во општина Охрид.

5. Предлог Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2012 година.

6. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за одведување на отпадни води.

7. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за определување на цените за вода, канализација и одведување и прочистување на отпадните води за корисниците од подрачјето на општина Охрид и Струга.

8. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ Охрид.

9. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ Охрид.

10. Предлог Одлука за подигање спомен обележје за одбележување на Богојавление – Водици.

OhridNews