Во изминатите 24 часа регистрирани 435 нови случаи на КОВИД-19, со што бројот на активни случаи изнесува 5.135, а оздравени се 534 пациенти и шест лица се починати, информираат од Министерството за здравство.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 6.651 тестирање, а регистрирани се 435 нови случаи на КОВИД-19 и тоа: Скопје – 214, Битола – 36, Охрид – 25, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Куманово – 16, Струмица – 12, Гевгелија и Ресен – по 11, Кичево и Неготино – по 9, Гостивар, Велес и Штип – по 7, Тетово – 6, Струга и Радовиш – по 5, Кочани – 4, Валандово, Богданци и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево, Пробиштип и Дојран – по еден.
Регистрирани сe 534 оздравени пациенти од нив 20 во Охрид.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се шест починати лица: 2 починати лица од Скопје (60г и 91г), и по едно починато лице од Кичево (76г), Битола (69г), Македонски Брод (44г) и Дебар (80г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се три починати лица, 2 од Скопје (47г и 67г) и едно лице од Кичево (87г). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во домашни а едно лице во болнички услови.
OhridNews












