Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 44- годишна охриѓанка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижност“.

Во текот на 2015 година пријавената во катастарска општина Мислешево узурпирала 599 метри квадратни државно земјиште лоцирано покрај магистралниот пат Охрид-Ќафасан. Притоа го оградила и со насипување на песок, со што овозможила пристап од магистралниот пат до имотот, кое подоцна го изнајмувала како паркинг простор.

OhridNews