Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30. септември 2018 година (недела), во катедралниот храм „Света Софија-Охрид, со почеток во 09.00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија.

На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија (едноцрквие).

OhridNews