Бројот на жртвите во разорниот земјотрес и цунами на островот Сулавеси порасна на 1 347, соопшти индонезиската агенција за катастрофи.

По земјотресот со јачина од 7,5 степени, цунами го погоди градот Палу и околните подрачја на Сулавеси. Властите стравуваат дека бројот на настрадани може да се зголеми.

Со помош на војската и полицијата, почна да пристигнува помош до погодените подрачја.