Превртувањето на тези и барање на виновникот за состојбите во државата биле и натаму се специјалитет на опозициската ВМРО ДПМНЕ на централно а со тоа и на локално ниво, реагира охридскиот огранок на СДСМ, на денешното обраќање на членот на Извршниот комитет Кирил Пецаков. Тој сака граѓаните да ги помине „жедни преку езеро“ и лесно да заборават што правеа врхушката на партијата и нивните следбеници над една деценија апсолутна власт во државата и во Охрид, велат ид СДСМ.

-ВМРО ДПМНЕ наместо да биде конструктивна опозиција со своето делување и кога беа власт повеќе од очигледно е дека во преговорите со Грција околу проблемот со името и во аспирациите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ зборуваа едно пред светот а друго правеа дома. Свесно со антиквизацијата и со ред други преземања преговoрите ги турнаа во амбис а државата во тешка изолација. Политиката, еден чекор напред два назад ја осуети целиот демократски свет кој застана зад СДСМ и коaлицијата која сака Македонија конечно да излезе од ќорсокакот во кој беше. – стои во реакцијата.

Според владејачката партија 610 000 гласови ЗА на Референдумот значат победа на граѓаните кои докажале дека се’ за Македонија да продолжи по патот на прогресот и членството во НАТО и ЕУ.

-Податоците од Државната изборна комисија го велат следното: Во Охрид на референдумот излегле вкупно: 16 293 граѓани. Од нив дури 14 401 гласале ЗА а против биле 1294 гласачи и имало 598 неважечки ливчиња.Нормално е, кога сте власт не можете одеднаш да имате волшебно стапче и да решите се’. Референдумот беше граѓански и консултативен а не обврзувачки.- велат од СДСМ.

Додаваат дема наследиле опустошена држава која тешко се доведува во нормала. За притисоците, заканите и уцените од партиски лица, тврдат дека тоа сбило специјалитет на претходното владеење.

-Криминалот во највисоките редови на нивните политичари полека се докажува пред институциите на системот – таму каде што му е местото во судството. Токму тоа судство кое беше урнисано до темел од нивна страна. Но, очигледно тоа не му одговара на ВМРО ДПМНЕ и не сакаат никогаш да преземат одговорност за ништо, па дури и сега кога зависи иднината на државата. За нив поважни се нивните бизниси и како да се дојде до спас на врхушката од затвор. Се’ друго е ирелевантно.-стои во партиската реакција.

Бараат од своите политички ривали да ги поддржат евроатлантските процеси за добро на идните генерации.