Властите во Германија соопштија дека две лица загинале, а двајца полицајци се сериозно повредени во престрелка во германскиот град Кирхајм, на југот на земјата.

Полицијата и обвинителството издадоа заедничко соопштение во кое се наведува дека полицијата по пријавата излегла на местото на несреќата околу 8:30 часот утринава, објави АП.

Засега не се соопштуваат детали околу пукањето, сè уште е нејасно кој и зошто отворил оган, ниту, пак, е соопштен идентитетот на загинатите.

OhridNews

Макфакс