Голем пожар избувна денеска на Ситонија, на северот од Грција. Во гасењето на пожарите, кои избувнаа во раните утрински часови, учествуваат 60 пожарникари со 30 противпожарни камиони, но силниот ветер ја отежнува борбата со огнената стихија. На помош во гасњето на пожарот се ангажирани волонтери, како и четири „канадери“, објавени „Катимерини“.

Грчката агенција АНА вели дека небото над Ситонија е целосно покриено со чад, што може да се види од далеку.

Местото Сарти остана без електрична енергија, а жителите не може да воспостават ниту телефонска комуникација.

Според локалните претставници на Ситонија, ситуацијата е тешка. Се верува дека пожарот избувнал во близина на Платаниција, место на источната страна на полуостровот, познат по борова шума.

Во исто време, во селото Филиро, на 10 километри североисточно од Солун, пожар бил ставен под контрола.

Селаните од тоа село беа евакуирани.

OhridNews

Макфакс