Се урна авион на компанијата „Лајонер“ од Индонезија, со 189 патници и членови на екипажот. Авионот се урнал веднаш по полетувањето покрај брегот на индонезискиот остров Јава, спасувачката операција е во тек и засега не се знае дали има преживеани во несреќата.

Портпаролката на Агенцијата за спасување на Индонезија, Јусуф Латиф, изјави дека авионот Боинг 737 MAX 8 се урна, и додаде дека ова е прва несреќа на овој тип авиони од почетокот на производството.

„Потврдено е дека авионот се урнал”, рече Латиф.

Ројтерс објави дека авионот требало да патува од Џакарта-Пангкал Пинанг на островот Суматра, што е околу еден час летање.

Латиф додаде дека контролата на летањето изгубила контакт со авионот 13 минути по полетувањето и истакна дека авионот паднал во морето.

На прес-конференцијата Синди Рахај од Генералниот директорат за воздушен сообраќај, извести дека авионот веднаш по полетувањето побарал итно слетување, но исто така и дека авионот тогаш загубил контакт со контролата на летот.

Министерството за транспорт соопшти дека во авионот имало 189 лица, 179 возрасни патници, едно дете, две бебиња, двајца пилоти и пет члена на кабинскиот екипаж.