Најмалку 11 лица го загубија животот во невремето што ја погоди Италија во изминативе два дена, но официјалните претставници стравуваат дека бројот би можел да се зголеми, објавија италијанските медиуми.

Според тамошните медиуми стотици луѓе се раселени, а десетици илјади луѓе се без електрична енергија.

Италија беше зафатена од силни ветришта и обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави на многу локации. Во шест италијански региони е прогласен црвен метеоаларм поради силен ветер и пороен дожд. Во Венеција драстично порасна нивото на водата, додека во многу италијански градови училиштата и натаму се затворени.

OhridNews

Макфакс