Вооружениот напаѓач кој отвори оган во ноќен клуб во Калифорнија уби најмалку 12 луѓе, вклучително и полицаец, објавија американските медиуми. Десетина други се повредени.
Полицијата соопшти дека напаѓачот бил најден мртов внатре во клубот и дека сè уште не е идентификуван. Сè уште не е познат неговиот мотив за пукањето. Во моментот на нападот во клубот имало најмалку 200 луѓе, кои биле принудени да се спасуваат бегајќи преку прозорcи или криејќи се во тоалетите.
Според информациите, напаѓачот фрлил димни бомби во клубот и користел најмалку едно оружје, опишано како полуавтоматска пушка.
Пукањето почнало синоќа по 23 часот по локално време, во клубот „Бордерлин бар и грил“ во Таузанд Оукс, Калифорнија, на околу 65 километри североисточно од Лос Анџелес.