Пред куќа на улицата „Андон Дуков“ во Охрид, вчера, во 2 часот бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен, од страна на 37-годишен охриѓанец врз 50-годишен сограѓанин.
– Пријавениот извадил нож и му нанесол телесна повреда на другото лице во пределот на главата. Него му е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид, а напаѓачот е приведен и лишен од слобода. Кај него е пронајден и одземен метален нож, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По целосно документирање на овој настан, против пријавениот ќе биде поднесена соодветна пријава.












